Репрезентацијата на Франција ја доби драмата против Словенија со 90-89 (42-44), со што се пласираше во финалето на Олимписките игри. Иако натпреварот беше отворен, драмата траеше до последните секунди, Препелиќ не реализираше положување за победа, откако беше блокиран од Батум. Така, Словенија го заврши настапот на овие игри и ќе игра за бронза против Австралија, додека Французите ќе ги предизвикаат Соединетите Американски Држави за златото.