Кошаркарската репрезентација на Србија на коло пред крајот од квалифиакциите обезбеди место на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година.
Кошаркарската репрезентација на Србија славеше над Финска (75-66) и сега дише полесно во квалификациите за Европското првенство, затоа што ако дојде во позиција да се формира круг, ќе биде подобра од Финците.
Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа изненадување и загуби од Швајцарија (92-90) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година.
Селекторот на машката репрезентација на Србија, Тони Џерона го објави поширокиот список на играчи на кои смета на почетокот на квалификациите за Европското првенство, што ќе се одржи во јануари 2022 година во Унгарија и Словачка.
Строгите мерки кои се препорачуваат поради пандемијата од коронавирусот се почитуваат од мнозинството, но има и такви лица кои се обидуваат да живеат нормален живот.
Кошарката е еден од спортовите кои се соочуваат со големи проблеми за распоредување на настаните во календарот за 2020 година. Поради коронавирусот голема е веројатноста да не се одиграат квалификации за пласман на Олимписките игри во Токио. Четири квалификациски турнири се закажани од 23 до 28 јуни во Литванија, Канада, Србија и Хрватска.
Кошаркарската репрезентација на Србија нема по добро да го памети првиот квалификациски натпревар за ЕП 2021 на домашен терен затоа што неочекувано загуби од Грузија (90-94) која важеше за аутсајдер на хартија.
Кошаркарската репрезентација на Србија со убедлива победа над Финска (80-58) ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година.
Нема крај на проблемите на Милош Теодосиќ во дресот на српската репрезентација. Капитенот на националниот тим на нашиот северен сосед го пропушти Светското првенство поради повреда, а постојат големи шанси да ги прескокне и квалификациите за Евробаскетот 2021 година.
Александар Ѓорѓевиќ е минато, кошаркарската селекција на Србија со нов предводник ќе ги започне квалификациите за следното Европско првенство. Игор Кокошков ја започнува својата ера на чело на „орлите“ и денес го објави списокот на кошаркари за првите два натпревари од квалификациите.
Богдан Богдановиќ е избран за најдобар кошаркар за 2019 година, во изборот на Кошаркарскиот сојуз на Србија. За играчот на Сакраменто ова е второ вакво признание, по изборот за најдобар во 2017 година.
Новиот селектор на Србија, Игор Кокошков, во интервју за хрватски „Индекс“ зборуваше за можноста странец да заигра за „орлите“, нешто за кое тамошната јавност многу се противи.
Кошаркарската селекција на Србија доби нов предводник, откако по повеќе од пет години Александар Ѓорѓевиќ ја заврши својата авантура на чело на „орлите“.
Кошаркарската репрезентација на Србија добива нов селектор во името на Игор Кокошков, кој ќе има за задача да го однесе тимот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во 2020 година во Токио.
Несудениот капитен на српската кошаркарска репрезентација од Мундобаскетот во Кина, кошаркарот на Виртус Болоња, Милош Теодосиќ, најави дека нема да замине во репрезентативна пензија и ќе игра за Србија и на следните големи спортски приредби.
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Александар Ѓорѓевиќ по победата над Чешка на Светското првенство (СП) и освоеното петто место, соопшти дека си заминува од тренерското столче.