Од 1955 година, Данците сонуваат за настап на еден Евробаскет. Другите натпреварувања, како Мундобаскетот, на пример, ги гледаа само на телевизија. Но, тоа воопшто не ги интересираше кога вечерва истрчаа на теренот во Вилнус, а пред себе ја имаа една од најсилните европски репрезентации – Литванија. Ги победија со 80-76 и испишаа една од оние нивни бајки, сега и кошаркарска.