Кошаркарската репрезентација на САД која е главен фаворит за медал на Мундијалот ја одигра првата доминантна партија и во рамки на последното коло од групата убедливо ја совлада Јапонија (98-45).
Светското првенство во Кина ќе донесе борба на најдобрите светски селекции за престижната титула. Истата пред пет години, на турнирот во Шпанија, ја освои репрезентацијата на САД, која важи за голем фаворит и оваа година.
Синоќа заврши последното коло од квалификациите за Светското кошаркарско првенство во Кина и познати се сите учесници на планетарниот собир кој ќе се одржи во септември оваа година.