Кошаркарската репрезентација на Италија забележа доминантна победа на стартот на Светското првенство (СП) и убедливо во рамки на првото коло од групата Д славеше над Филипини (62-108).
Преостанува само уште еден ден до почетокот на долгоочекуваното Светско првенство во кошарка, настан кој ќе го одбележи ова лето. Осум различни градови ќе бидат домаќини во првата фаза, која е поделена во осум групи по четири селекции.
Италијанската кошаркарска репрезентација загуби од Нов Зеланд со 88-82 во еден од последните тестови пред почетокот на Светското првенство во Кина на крајот од оваа недела. Ова е голем чекор назад за „аѕурите“ кои рамноравно играа со светскиот вицешампион Србија пред неколку дена.
Еден од најголемите адути на италијанската кошаркарска репрезентација, НБА-ѕвездата Данило Галинари итно беше опериран од слепо црево во Верона на подготовките со својата национална селекција. Галинари се пожалил на болки и репрезентативните лекари брзо го решиле проблемот.
Италијанскиот селектор Ромео Сакети се соочува со голема грижа пред Мундобаскетот во Кина. Имено, Николо Мели, кој ова лето го напушти Фенербахче за да се пресели во Њу Орлеанс Пеликанс го оперираше коленото и ќе мора да паузира за време на месец јули и дел од август.
Селекторот на италијанската репрезентација Ромео Сакети го објави списокот од 19 имиња кои од 22 јули ќе се соберат во Пинцоло на централните подговотки за Мундобаскетот во Кина.
Капитенот на италијанската кошаркарска репрезентација Џиџи Датоме ќе пропушти голем дел од подготвителниот период заради операција, но ќе биде подготвен за Мундобаскетот кој почнува на 31 август во Кина.
Ѕвездата на италијанската кошаркарска репрезентација и Фенербахче, Џиџи Датоме, отворено ги искритикува правилата на ФИБА и начинот на кој се играат квалификациите за Светското првенство (СП), кое во 2019 година ќе се одржи во Кина.
Македонскиот тренер Заре Марковски и неговата Романија дожвеаја убедлив пораз од селекцијата на Италија, во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2019 година ќе се игра во Кина (101-50).
Легендарниот кошаркарски стручњак, Богдан Тањевиќ, пред извесен период најави крај на својата тренерска кариера, но нови понуди на неговата адреса сè уште стигнуваат.
Србија - Русија е второто полуфинале на Евробаскетот во Турција. Српската селекција ја оправда фаворитската улога и ја победи Италија во Истанбул со 67-83.
Во третиот осминафинален натпревар од Евробаскетот, кошаркарите на Италија на Еторе Месина ја прикажаа својата најдобра партија и славеа победа против Финска со 57-70 и обезбедија место меѓу најдобите осум репрезентации на стариот континент.
Репрезентацијата на Грција во мечот од последното коло од групната фаза сигурно ја совлада Полска (95-77) и во наредната рунда ќе игра со вицепрвакот Литванија.
Во еден од натпреварите со најмал број на поени досега на Евробаскетот, Германија ја победи Италија и ја искомпликува групата во Израел. Германците покажаа цврста одбрана и дозволија „азурите“ да им дадат само 55 поени.
Репрезентацијата на Литванија ја забележа втората победа во низа на Евробаскетот (ЕП) кој се одржува во четири земји, откако во Тел Авив со 78-73 по голема борба славеа над Италија.
Кошаркарската репрезентација на Италија со сигурен триумф го отвори Европското првенство (ЕП) откако во Тел Авив со 69-48 (36-32) славеше над еден од домаќините Израел.
Еден од најдобрите италијански кошаркари во последната деценија Марко Белинели за медиумите во својата земја изјави дека Евробаскетот оваа есен веројатно ќе биде последно големо натпреварување во кариерата.