Двата јужноамерикански гиганти Аргентина и Бразил играа многу значаен дуел во четвртото коло од машкиот кошаркарски турнир во Рио Де Жанеиро. Кога победата носеше голем чекор кон четвртфиналето, а пораз можеби и елиминација, најтешко му беше на селекторот на „кариоките“ Аргентинецот, Рубен Мањано. По голема борба славеа Аргентинците со 111-107 по две продолженија и сега се многу поблиску до четвртфиналето за разлика од домаќинот.