Кошаркарската репрезентација на Австралија се подготвува за настап на Мундобаскетот, а селекторот Брајан Горџијан го објави поширокиот список од осумнаесет играчи кои се во конкуренција.
Репрезентација на Австралија приреди изненадување во малото финале на Летните олимписки игри и го освои бронзениот медал на кошаркарскиот турнир. Во борбата за третото место „кенгурите“ го наполнија кошот на селекција на Словенија и извојуваа убедлива победа од 14 поени разлика (93-107).
Олимпискиот победник на машкиот кошаркарски турнир, селекцијата на Соединетите Американски Држави ќе го брани златото од Рио Де Жанеиро, откако утрово си ја заврши работата во првото полуфинале во Токио, победувајќи ја Австралија со 97-78.
Луис Скола дефинитивно е најдобриот кошаркар во историјата на Аргентина, а денес на дуелот од четвртфиналето на Олимписките игри против Австралија, ги одигра последните минути во националниот дрес.
Кошаркарите на Австралија лесно се справија со Аргентина, победија со 97-59 (39-33) и се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри во Токио. Ривалот од Јужна Америка не беше дораснат да се бори против расположените Австралијци, кои дојдоа до убедлив триумф. Заедно со Франција и Словенија, „кенгурите“ остануваат максимално со четири победи.
Кошаркарите на Австралија си го обезбедија првото место во групата Б на Олимписките игри во Токио, откако во третото коло ја запишаа и третата победа, овојпат над Германија (89-76).
Австралија ја продолжи победничката серија и го освои цел плен на дуелот со Италија (83-86) на вториот натпревар во Токио. „Аѕурите“ на Сакети не ги служеше шутот како во текот на првиот натпревар против Германија, па „кенгурите“ со подолгата клупа стигнаа до значаен триумф.
Само неколку дена по поразот од Нигерија во пријателски натпревар, американската кошаркарска репрезентација претрпе уште едно разочарување во подготовките за Летните Олимписки Игри во Токио. Имено, тимот сочинуван од НБА ѕвезди, во Лас Вегас загуби од Австралија со 83-91.
Најдобриот австралиски кошаркар, Пети Милс се чувствува измамено, откако Австралиската кошаркарска федерација го информирала дека ќе биде вметнат во идеалната петорка на Мундобаскетот, но од непознати причини, тој не се нашол меѓу избраните.
Селекцијата на Франција е освојувач на бронзениот медал на Мундобаскетот во Кина. Во збркано и неквалитетно надигрување, Австралија испушти 14 поени предност и со ужасна последна четвртина загуби со 67-59 и ја пропушти шансата за прв медал од Светските првенства.
Австралискиот центар Ендрју Богут не можеше да се помири со поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство (СП) во Кина, по две драматични продолженија.
Кошаркарската селекција на Австралија беше на чекор до прво историско финале на едно Светско првенство, но немаше среќа во клучните моменти и по две продолженија беше поразена од фаворитот Шпанија.
Светскиот шампион од 2006 година, селекцијата на Шпанија не дозволи ново изненадување на Мундобаскетот во Кина и по голема драма и продолженија од пет минути успеа да го скрши отпорот на Австралија и да обезбеди ново финале на еден планетарен собир (95-88).
Кошаркарската репрезентација на Австралија е последен учесник во полуфиналето на Светското првенство (СП) кое се игра во Кина, откако во мечот со европската селекција Чешка, фаворитот славеше со 82-70.
Во последниот натпревар од групата Г на Светското првенство во кошарка во Кина, Австралија и Франција одиграа вистински трилер, во кој во игра беше само првото место во групата, со оглед на податокот дека двете селекции уште во саботата го визираа четвртфиналето по контроверзнииот триумф на „галските петли“ над Литванија.
Кошаркарската репрезентација на Австралија перфектно ја заврши првата групна фаза на Светското првенство (СП) кое се игра во Кина, со три победи на три меча.