Изгледаше дека финалната серија во АБА ќе заврши во средата навечер во моментите кога Звезда имаше седум поени предност во второто полувреме, меѓутоа, Партизан успеа во она кое не го направи во првите два меча. Водени од Пантер, „црно-белите“ го совладаа ривалот и тоа со клучна тројка во последната минута, по која настана прекин и имаше инциденти. Четвртиот меч од финалната серија се игра во петок од 18:30 часот, повторно во домот на Партизан.