Кошаркарите на Далас Маверикс победија со 143-130 во „трилерот“ против Њу Орлеанс. Ефикасниот натпревар во „Американ Еирланс Центар“ во Далас им припадна на домаќините, а главен играч на теренот беше Лука Дончиќ, со 46 поени и 12 асистенции, додека му помогна Порзингис со 36, колку што имаше и Зион Вилијамсон од Пеликанси. Кај гостите се истакна уште Инграм со 30 поени, но тоа беше недоволно да го изненадат Далас.