Еврокуп Хувентуд 79 - 77 Нантер Димитријевиќ постигна кош во НБА стил за европска победа на Хувентуд! 7 ноември 2019, 0:56 Mакедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е херојот на Хувентуд од Бадалона во Еврокупот. Вечерва во Каталонија падна Нантер со 79-77, благодарение на победничкиот кош на нашиот Димитријевиќ на четири секунди пред крајот.