Екипата на МЗТ Скопје беше на прагот да ја прекине црната криза во АБА-лигата, но сепак, ФМП во последните минути од мечот успеа да направи неверојатен кам-бек и да дојде до полн плен во СЦ „Јане Сандански“. Тренерот Жељко Лукајиќ по средбата во Скопје беше разочаран од играта, но и од дисциплината на играчите, посебно од односот на Никола Павличевиќ, за кого стратегот поради конфликт со навивачите најави дека ќе биде казнет.