Во дерби дуелот од дното на табелата, силите во рамки од 7. коло во АБА лигата ќе ги одмерат српски Мега Лекс и нашиот првак МЗТ Скопје. Младиот состав на Мега Лекс, за разлика од претходната сезона, годинава игра слабо, па по стартната победа над Унион Олимпија, забележа пет врзани порази. Стратегот на клубот Дејан Милојевиќ истакна дека ќе биде тешко во мечот со МЗТ Скопје, но се надева дека со победа ќе излезат полека од кризата.