Екипата на МЗТ Скопје запиша нов триумф во АБА-2 лигата, четврти во рамки на четвртото коло и во дербито на колото славеше над Борац (76-69), со што се зацементира на врвот во регионалното натпреварување. Аеродромци посакуваниот триумф го запишаа со фуриозен последен период, во кој го надиграа противникот. Дуелот претежно беше во егал, двете екипи имаа наизменични блесоци, а среќата на крајот беше на страната на тимот од Аеродром кој беше најдобар кога беше најпотребно. Во наредното коло македонскиот тим ќе гостува кај Сутјеска, додека Борац е домаќин на Рогашка.