Екипата на Пелистер одигра натпревар со осцилации и грешки, меѓутоа успеа да слави над Шенчур од Словенија (71-67) за „два од два“ на стартот на регионалната АБА-2 лига и турнирот во Златибор. Битолчани добија само една четвртина на натпреварот, втората, а се одлучи за победникот во драматичен финиш. Сепак, ова е голем подвиг за екипата на Марјан Илиевски, бидејќи со скратена ротација и со само седум кошаркари на терен победи втор натпревар по ред, трет по интервал од пет дена. Кога противникот се доближи и битолчани ги стигна проблем со личните грешки, пак се надминаа себеси и извојуваа голема победа.