Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов беше расположен после успешното затворање на полуфиналната серија против Работнички, по која „металците“ успеаја да се пласираат во големото финале на мак-баскетот и ќе се борат за десеттата титула во независна Македонија.
Кошаркарите на МЗТ Скопје се првите патници во големото финале од Првата кошаркарска лига, откако славеа гостинска победа кај вечниот ривал Работнички со резултат 62-73. Салата „Кале“ прими нешто над 1.000 гледачи, а дел од нив беа виновни за два прекина во текот на натпреваерот.
Уште еден прекин се случи на дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје. Навивачите упорно пукаа петарди и користеа други пиротехнички материјали, а „најдебелиот крај“ го извлече судијата Игор Митровски кој се пожали на повреда на окото.
Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје беше во прекин од околу пет-шест минути откако навивачите на двата табора направија мал хаос на теренот и трибините. Полицијата и обезбедувањето интервенираа во делот каде што седат „Сити парк бојс“, а „Фемили Аеродром“ исфрлија бели ленти долж теренот.
Продолжува полуфиналниот плеј-оф од македонската кошаркарска лига, а прв дуел од двата на програмата ќе играат „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје кои на терен излегуваат по пауза од три дена.
Екипата на МЗТ Скопје го одбрани домашниот терен од Работнички (82-71) во првиот меѓусебен натпревар и така дојде до предност во полуфиналната серија од македонската кошаркарска лига.
Капитенот на Работнички, Горјан Марковски ја стишува еуфоријата по победата во мајсторката против Гостивар и пласманот во полуфиналето на плеј-офот, а пред почетокот на серијата со вечниот опонент од Аеродром.
Екипата на Работнички го одбрани домашниот терен и со доминантен триумф над Гостивар (80-53) израмни во четвртфиналната плеј-оф серија во македонскиот кошаркарски шампионат.
Има место за задоволство во Гостивар по првиот дел од првенството на Македонија во кошарка. Обезбеден е пласман во првата „четворка“, предност на домашен терен во серијата со Работнички, која за предводникот од клупата Љупчо Малинков е исклучително важна во вакви серии.
Со изедначен квалитет и без изразит фаворит, Гостивар и Работнички попладнево ќе ја започнат четвртфиналната серија во плеј-офот. Минимална предност имаат гостиварчани, заради подобрата позиција во регуларниот тек на сезонаѕа.
Кошаркарите на Кожув со победа го завршија лигашкиот дел од македонскиот шампионат, но и покрај тоа во плеј-офот влегуваат од последната позиција и во четвртфиналето пред себе ќе го имаат шампионот МЗТ Скопје. Во последното коло од Првата кошаркарска лига на Македонија, Кожув со убедливи 58-86 го совлада тимот на Работнички и така сезоната ја заврши со двоцифрен број победи (десет).
Екипата на Еуро Никел на домашен терен загуби од најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички (75-80) и направи чекор назад во борбата за подобра позиција пред плеј-офот во македонската Прва лига. Кавадарчани губеа двоцифрено на влезот во последниот период (52-65), но успеаја да се вратат, ама на крајот сами се победија. Грешките на тимот на Горан Самарџиев пресудија гостинот од Скопје да ги однесе бодовите на своето конто. Со овој триумф Работнички ги задржа шансите за позицијата број четири пред разигрувањето за титула.
Екипата на Еуро Никел 2005 на домашен терен загуби од најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички (75-80) и направи чекор назад во борбата за подобра позиција пред плеј-офот во македонската Прва лига.
Кошаркарите на Работнички попладнево во салата СРЦ „Кале“ лесно го совладаа тимот на Чаир 2030 со резултат 83-67 и го продолжија исчекорот кон врвот на табелата.
Кошаркарите на Работнички продолжуваат со одличните резултати во последниот период и врзаа три победи во Првата лига, откако на гости кај Куманово славеа со 54-82.
Екипата на Работнички убедливо славеше во денешниот првенствен натпревар против гостинскиот состав на Струмица. Најтрофејниот македонски клуб го доби дуелот со резултат 99-66. Дуелот од 18. коло на шампионатот во СРЦ „Кале“ беше практично едносмерен, скопскиот тим доминираше и целосно го надигра ривалот.
Три натпревари во сабота, два во неделниот термин, и уште еден во понеделник се на програмата од 18. коло од Првата лига. Првите два се играат во салата на СРЦ „Кале“, каде во улога на домаќини се екипите на Работнички и на ТФТ Mozzаrt.