Кошаркарите на Олимпија Милано со пеколен финиш успеаја да го скршат отпорот на Олимпијакос и да извојуваат голема победа во рамки од 21. коло на Евролигата (90-79). Грчкиот тим долго време му парираше на домаќинот и играше егал натпревар, но во самиот финиш, кога се решаваше победникот, Италијанците влегоа во фантастична серија, која на крај им донесе убедлива победа од 11 поени разлика.