Германскиот прволигаш Телеком Бон како првопласиран во својата група ќе оди во четвртфиналето од ФИБА Лигата на шампионите. И што е исто така важно, ќе ја има предноста која ја носи играњето на домашен терен во евентуалната „мајсторка“.
Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли имаше нов фантастичен натпревар во Шпанија и беше еден од најзаслужните играчи на Реал Бетис во особено важната победа на гостински терен кај Манреса (102-96) во 32. коло од Ендеса лигата.
Кошаркарите на Валенсија победија во неизвесниот дуел против Манреса со 90-85 (50-46) во рамките на 23. коло на АЦБ лигата. Нено беше скромен вечерва, меѓутоа неговите соиграчи го добија дербито против третопласираната екипа на табелата.
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го имаше своето прво славје во дресот на новиот клуб Валенсија, откако на гости со убедливи 69-89 совладан беше тимот на Манреса.
Кошаркарите на Хувентуд успеаја убедливо да победат против Манреса со 96-68 во дуелот од 34. коло на Ендеса лигата во Шпанија. Ненад Димитријевиќ го предводеше својот тим до важен триумф, со кој Хувентуд се одлепи пред Манреса и Уникаха во битката за пласман во четвртфиналето.
Во првиот натпревар од 14. коло на шпанската Ендеса лига, екипата на Хувентуд остана без сили во финишот против Манреса и запиша минимален пораз од 85-80.
Со победата над Манреса на гостински терен со 74-84, Реал Бетис направи уште еден чекор напред во трката за опстанок во Ендеса лигата. Одлични моменти во натпреварот имаше нашиот репрезентативец Шејн Витингтон, кој настапува во дресот на Реал Бетис.
Овој викенд и 13. коло во шпанската Ендеса лига беше навистина и баксузно за кошаркарите на Хувентуд. Екипата од Бадалона запиша навистина несреќен пораз во дуелот со Манреса (104-106).
Поранешниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор го напушти Милано и Италија и слободен е да ја побара својата нова средина. Тој во новата година влегува со потрага по нов клуб, а шпанската Манреса е најсериозен кандидат да го добие поливалентниот кошаркар.
Хувентуд од Бадалона на нашиот интернационалец Ненад Димитријевиќ се израдува на првата победа во третиот натпревар од новата Ендеса лига. На гостувањето кај Манреса „зелените“ триумфираа во вистинска драма со 66-67.
Често тренерите на клубови се обидуваат на секаков можен начин да ги мотивираат своите избраници, но дефинитивно предводникот на последнопласираната екипа од АЦБ лигата, Манреса, Ибон Наваро претера со своето однесување.
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски одигра нов солиден натпревар со својот тим Реал Бетис, кој како и минатото, така и ова 17. коло во шпанската Лига Ендеса претрпе пораз.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски и неговата Андора, сигурно чекорат кон место во плеј-офот од најелитното кошаркарско натпреварување во Шпанија.