Кошаркарите на Реал Бетис стигнаа до уште една, трета по ред победа во Ендеса лигата во последните десет дена. Многу вредна победа во трката за опстанок во најсилната лига во Европа, и тоа против директниот конкурент во битката за преживување во елитната шпанска конкуренција, Морабанк Андора, уште и на гостински терен, и повеќе од убедлива (76-93).