Екипата на Гран Канарија е хит на сезоната во Ендеса лигата и за првпат во историјата обезбеди учество во Евролигата. Клубот од Канарските Острови сензационално го елиминира првакот на Шпанија од минатата сезона, Валесија, уште во полуфиналето на плеј-офот. Имено, синоќа на гостински терен, Гран Канарија славеше со 89-92 и со 2-1 во серијата го исфрли тимот кој минатата сезона стана шпански првак.