Аргентинецот Лука Вилдоза во октомври стана нов играч на Црвена звезда, но тогаш веќе се знаеше дека „црвено-белите“ ќе имаат проблеми со Басконија, неговиот поранешен клуб. Клубот од Виторија тогаш го пријавил целиот случај до надлежните органи, со образложение дека не била испочитувана процедурата за преземање на европските права на Вилдоза, односно дека никој од Басконија не бил контактиран околу неговиот трансфер во Црвена звезда. Тоа повлекува одговорност на играчот и новиот клуб бидејќи, според писмото од концизното соопштение, на Басконија не ѝ бил исплатен паричниот надоместок договорен во времето кога Вилдоза пролетта на 2021 година си замина од Баскија.