Кошаркарите на Хувентуд загубија од „фенерџијата“ во Eндеса лигата, Фуенлабрада на домашен паркет со 79-81, во рамките на 21. коло. Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап и запиша осум поени и седум асистенции. Гостинот имаше резултатска контрола во текот на целата средба и заслужено ги освои бодовите.