Екипата на Хувентуд успеа да ѝ нанесе пораз на Барселона во четвртфиналната серија на Ендеса лигата од 72-63, со што израмни на 1-1 и закажа „мајсторка“ која ќе одлучи за патникот понатаму. Димитријевиќ и соиграчите одиграа моќно, водеа во текот на целиот натпревар, а Барса само еднаш дојде до егал и заслужено ќе разигруваат за полуфинале.