Крилниот центар на Барселона, Никола Миротиќ, и официјално е избран за е МВП на Евролигата за оваа сезона. Миротиќ зад себе во европската елита остави просек од 16,6 поени, со шут за два поени од 65,6 отсто и 45,5 за три. Тој додаде и 5,1 скок и 1,2 асистенции.