Кошаркарите на Реал Мадрид со убедлива победа од 20 разлика ја отворија финалната серија на плеј-офот на Ендеса лигата, откако вечерва во Мадрид ја совладаа Барселона со 87-67. Иако сезонава имаа многу проблеми во „Ел Класико“ дуелите, ги загубија двата првенствени натпревари и финалето на Купот на Кралот, момците на Ласо блеснаа на почетокот од борбата за титулата.