Реал Мадрид нема да може да смета на услугите на Серхио Љуљ во наредниот период. Тој доживеа повреда викендов на дуелот од Ендеса лигата против Гран Канарија.
Барселона пред два дена загуби на гостувањето кај Реал Мадрид со 86-76 во рамките на Евролигата, а тоа никако не му се допадна на тренерот Светислав Пешиќ. Денес на социјалните мрежи беше објавено видео од пред соблекувалните на Каталонците, на кое се слуша како српскиот стручњак на многу висок тон зборува со своите играчи.
Барселона остана единствена екипа со максимален учинок по пет одиграни кола во Евролигата. Многу потешко од предвиденото, екипата на Пешиќ ја совлада Валенсија со 83-77. Хигинс со 20 и Миротиќ со 17 поени беа најефикасни во победничкиот пораз.
Екипата на Анадолу Ефес забележа важна победа во кошаркарската Евролига и на домашен терен беше подобра од Реал Мадрид (76-60), со што ја запиша третата последовална радост во кошаркарската елита.
Шпанскиот шампион Реал Мадрид доведе уште еден висок кошаркар за почетокот на новата сезона. Тунискиот репрезентативец Салах Межри повторно е член на „кралскиот“ клуб, откако претходните години настапуваше во кинеската Суперлига.
Реал Мадрид запиша многу потешка победа од предвиденото против израелскиот гигант Макаби Тел Авив, откако во Шпанија славеше со 86-85, во дуел во кој „кралевите“ навреме не се одлепија, премногу грешеа и на крајот дури и ризикуваа да загубат.
Српскиот тренер Жељко Обрадовиќ важи за еден од најдобрите кошаркарски работници во Европа. Тој неколку години го води Фенербахче, кој вчера загуби кај Реал Мадрид на стартот од новата сезона во Евролигата.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со пораз ја почна новата сезона во шпанската Ендеса лига со Хувентуд и загуби од фаворитот Реал Мадрид (69-88).
Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо игра во голема форма. Блескаше на Мундобаскетот, а вчера беше најзаслужен и за освојувањето на Суперкупот на Ендеса лигата на Реал Мадрид. Во победата над Барселона од 89-79 вгради 16 поени, пет скокови и пет асистенции и ја заслужи наградата за најкорисен играч.
Реал Мадрид е освојувач на шпанскиот Суперкуп во кошарка. „Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога и во финалето на завршниот турнир ја совладаа Барселона со 89-79. Во текот на сите 40 минути шампионот водеше и одолеа на обидите за кам-бек на засилената, но не доволно воиграна Барса.