Словенечката кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ си доби свое место во „Тимот на деценијата“ на Евролигата. Младиот плејмејкер, кој веќе сезона и пол настапува во редовите на Далас Маверикс, остави голема трага во најелитното кошаркарско натпреварување на стариот континент, настапувајќи во дресот на Реал Мадрид.