Актуелниот првак на Европа, Реал Мадрид по вторпат сезонава е поразен од Барселона која во возбудлив натпревар во рамките на ТОП 16 фазата од Евролигата, славеше со 72-65. За Барселона воедно ова беше втора победа над лутиот ривал сезонава, откако претходно во рамките на шампионатот на Шпанија, во Мадрид славеше со 91-84. Домашната екипа одигра одличено во воведот, имаше кризен период во финишот на третата и почетокот на четвртата четвртина, но на крајот успеја да се радува на победата.