Црвена Звезда минатиот четврток стигна до рекордна победа во Евролигата против Панатинаикос (81-48), со што ја врати самодовербата која беше разнишана по четирите последователни порази во Европа. А сега, во четврток (19:00 часот), на истото место, во „Пионир“, ќе има можност дополнително да го подобри впечатокот и настапот, бидејќи на гости ѝ доаѓа Асвел.