Кошаркарите на Фенербахче, Нандо де Коло и Јан Весели се здобија со повреди на натпреварот од Евролигата против Асвел во Франција доцна синоќа, соопштија од клубот од Истанбул. Де Коло наводно ја скршил метатарзалната коска на левата рака, додека Весели се здобил со истегнување на лигаментите на десниот зглоб.