Грчкиот шампион Панатинаикос доведе уште едно големо засилување за новата сезона. „Детелинките“ денес го официјализираа Американецот Весли Џонсон, кој доаѓа од Вашингтон во Европа за да го засили тимот на Педулакис.
Следната сезона во грчката А1 лига во кошарка ќе биде монотона, бидејќи заради административни причини, Олимпијакос нема да игра во елитата, туку во втората лига - попозната како А2.
Искусниот американски кошаркар Џимер Фредет во сезоната 2019/20 ќе го носи дресот на Панатинаикос. По деценија минатата во најсилната лига во светот, 188-сантиметри високиот кошаркар се договори да потпише двегодишен договор со „детелинките“.
Аргирис Педулакис е именуван за нов тренер на грчкиот шампион Панатинаикос. Само неколку дена по заминувањето на Рик Питино, кој спогодбено го раскина договорот за да се врати во САД, „детелинките“ го вратија тренерот кој во минатото седеше на нивната клупа.
Американскиот стручњак и човекот кој пред десетина дена стана првак на Грција со Панатинаикос, Рик Питино одлучи да ја напушти Европа и по неполна една сезона да се врати во Соединетите Американски држави.
Уште кога беше исфрлен Олимпијакос од грчката Суперлига беше јасно дека шампионската титула ќе ја освои Панатинаикос. Финалето против Промитеас беше чиста формалност и со чисти 3-0 „зелените“ стигнаа до уште една титула.
Американскиот стручњак и предводник на Панатинаикос, Рик Питино ќе ги води „детелинките“ од Атина и следната сезона. Претседателот на клубот од главниот град на Грција, Димитриос Јаникопулос и американскиот стратег вчера позитивно го завршиле состанок за продолжување на договорот.
Американскиот кошаркар на Химки од Москва, Џордан Мајки ќе биде една од звездите на преодниот рок во европската кошарка ова лето. Некогашниот кошаркар на Бостон и Мајами сигурно ќе го напушти рускиот шампионат на крајот од сезоната.
Многу веројатно АБА лигата нема да се проширува следната сезона. По денешното шестчасовно собрание на челните лица на регионалното натпреварување беше донесена одлука словенечка Олимпија во новата сезона да се натпреварува во АБА2 лигата, каде што оваа сезона учествуваше нашиот МЗТ Скопје.
Грчкиот кошаркарски прволигаш Олимпијакос соопшти дека во иднина нема да игра во шампионатот, поради „тероризмот“ од страна на ривалот од Пиреја, екипата на Олимпијакос.
Екипата на Реал Мадрид е прв учесник на Ф4-турнирот во кошаркарската Евролига откако во третиот натпревар против Панатинаикос славеше со 82-89 и четвртфиналната серија ја доби со сигурни 3-0.
Како што известуваат грчките медиуми, Ник Калатес, плејмејкерот на Панатинаикос, пропуштил поголем дел од последниот тренинг на екипата и поради тоа ќе биде под знак прашалник за третиот меч против Реал Мадрид.
Кошаркарите на Реал Мадрид, во вториот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија од Евролигата го совладаа Панатинаикос со 78-63 и поведоа со 2-0 во серијата подобар од пет.
Реал Мадрид ја доби драмата против Панатинаикос и поведе со 1-0 во четвртфиналната серија на Евролигата. Домаќините ја добија завршница со 75-72 во дуел во кој лесно можеа и да загубат.
Екипата на Реал Мадрид забележа победа во кошаркарската Евролига, по неверојатен кам-бек на гостувањето кај Панатинаикос во Атина (73-74), со што дојде до 22 радост оваа сезона во кошаркарската елита.
Кошаркарите на Панатинаикос победија на гостувањето кај ЦСКА Москва (77-78) во 26. коло од Евролигата и тоа на драматичен начин, со тројка во последните секунди од натпреварот.
Полуфиналето од кошаркарскиот Куп меѓу Панатинаикос и Олимпијалос имаше скандалозен крај, откако по крајот на првиот дел и водство на ПАО од 40-25, тимот од Пиреја незадоволен од судиските одлучи вториот дел да не го доигра.
Кошаркарите на Олимпијакос почнаа вистинска „војна“ со Панатинаикос и се заканија дека во иднина нема да играат со грчкиот ривал, ако на паркетот нема странски судии.
Кошаркарите на Олимпијакос вечерва му гостуваат на вечниот ривал Панатинаикос, а мечот го најави одличната атмосфера која што ја приредија домашните навивачи.