Екипата на Олимпијакос ја потврди својата класа, со нова победа над Панатинаикос (93-74) експресно ја заврши финалната серија и со 3-0 ја потврди титулата.
Екипата на Олимпијакос уште еднаш го победи Панатинаикос во финалната серија (72-78) и уште еднаш покажа зошто е најдобрата екипа кај нашиот јужен сосед.
Две домашни и една гостинска победа во денешната скратена програма од 33. коло во Евролигата, Најголемо внимание предизвика дуелот на два поранешни шампиони на Европа во „О.А.К.А. Арена“ во Атина.
Големите промени во тимот на Макаби Тел Авив донесоа позитивни промени. Така, во дуелот од заостанатата програма на 21. коло на Евролигата, израелскиот гигант извојува победа на гостувањето кај Панатинаикос со 83-95 и остана во игра за што е можно повисок пласман во разигрувањето.
Некогаш беше големо дерби, а сега само лесен тренинг за „црвено-белите“. Олимпијакос го „прегази“ вечниот ривал Панатинаикос и со 101-73 ја забележа 17-тата победа во Евролигата и се зацврсти на четвртата позиција на табелата.
Кошаркарите на Панатинаикос запишаа победа над Црвена Звезда (79-73) во рамките на 27. коло на Евролигата. Дуелот кој се одигра во Атина долго беше неизвесен, а со подобра игра во завршницата грчката екипа се радуваше на втор триумф во низа.
Младиот грчки кошаркар Неоклис Авдалас потпиша долгогодишен професионален договор со Панатинаикос. Авдалас е роден во 2006 година, има само 15 години, а веќе одигра три натпревари за грчкиот тим во Евролигата.
Екипата на Панатинаикос ја продолжи победничката серија во грчкиот шампионат и славеше во грчкото дерби против Олимпијакос (76-81) иако во него ја имаше улогата на аутсајдер.
Кошаркарите на Реал Мадрид лесно дојдоа до славје во дуелот од четвртото коло во Евролигата, на свој терен против Панатинаикос со 88-65. „Кралевите“ наметнаа темпо уште на стартот, па иако Грците успеаја да се консолидираат, немаа сили да се вратат.
Кошаркарот Реџи Рединг ги изненади сите со својата одлука да ја заврши играчката кариера на 34-годишна возраст. Веста е изненадувачка, бидејќи Рединг на маса имаше неколку понуди од Евролигата. Андреа Тринкиери беше заинтересиран да го доведе во Баерн, а се распрашуваше и Панатинаикос.
Грчки Панатинаикос објави дека се засилил и потпишал едногодишен договор со Џереми Еванс. Овој крилен центар во Атина доаѓа од миланската Олимпија, каде што ја заврши минатата сезона.
Кендрик Пери, најдобриот играч кој заиграл во историјата на Карпош Соколи, а и еден од подобрите странци во историјата на македонската кошарка, ја напушти Цедевита Олимпија и договори голем трансфер.
ЦСКА Москва е веќе во наредната фаза на Евролигата, но мораше да одигра уште еден натпревар во лигашкиот дел, против Панатинаикос, кој беше претходно одложен, па славеше сигурно (93-86).
Убедливата победа против Панатинаикос на домашен терен за кошаркарите на Зенит донесе пласман во плеј-офот од Евролигата. Во претпоследниот дуел од регуларниот дел од сезоната, рускиот тим славеше со 112-83 и ја освои осмата позиција на табелата, пред Валенсија.