Како големо изненадување минатата недела одекна трансферот на младиот македонски фудбалер, Али Адем во Арис од Солун. Младиот вардаров играч како слободен замина кај нашиот јужен сосед, а со Арис потпиша четиригодишен договор. Вели дека му е чест што ќе го носи дресот на овој тим и ќе игра пред најдобрите навивачи во Грција.