Првото атинско дерби во Евролигата оваа сезона очекувано им припадна на кошаркарите на Панатинаикос. Во „О.А.К.А. Арена“, фаворизираните „деталинки“ на Рик Питино едвај излегоа накрај со Олимпијакос, па дури по продолжение стигнаа до триумф од 99-93, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 81-81.