Американскиот кошаркар Малком Дилејни најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето. Иако игра одлична сезона во каталонскиот гигант, кој е лидер во Ендеса лигата до прекинот заради пандемијата од ковид-19, сепак Барселона својата иднина ќе ја гради брз Французинот Томас Ертел, кој се врати по тешката повреда.