Кошаркарите на Панатинаикос го добија грчкото дерби во Евролигата, откако на теренот на Олимпијакос славеа со 88-77. Пресметката од 24. коло на елитното натпреварување мина во знакот на гостите од Атина, кои во Пиреја го контролираа резултатот и заслужено победија.
Кошаркарите на Олимпија Милано со пеколен финиш успеаја да го скршат отпорот на Олимпијакос и да извојуваат голема победа во рамки од 21. коло на Евролигата (90-79). Грчкиот тим долго време му парираше на домаќинот и играше егал натпревар, но во самиот финиш, кога се решаваше победникот, Италијанците влегоа во фантастична серија, која на крај им донесе убедлива победа од 11 поени разлика.
Грчкиот кошаркар Јоргос Принтезис заздрави од повредата и ќе биде дел од тимот Олимпијакос за претстојниот натпревар против Химки во вторник во рамките на 17. коло во Евролигата.
Дербито во 15. коло од Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид им припадна на гостите од Шпанија (82-86), кои подобро ја одиграа завршницата и заслужено запишаа четврта победа во низа.
Белградска Црвена Звезда пропушти голема можност да запише нова победа во Евролигата, откако на домашен терен загуби од Олимпијакос (79-81) во рамки на тринаесеттата рунда во најелитното европско кошаркарско натпреварување.
Кошаркарите на Олимпијакос продолжуваат со променливите игри и резултати во Евролигата, а вечерва запишаа катастрофален пораз во рамки од 11. коло во европската елита. Иако се очекуваше возбудлив натпревар и борба до последен атом, грчкиот гигант со наведната глава ќе се врати дома, затоа што на гостувањето кај ЦСКА Москва загуби си убедливи 80-61.
Новата сезона во Евролигата започна со натпревар меѓу Анадолу Ефес и Зенит Петербург кој заврши во полза на рускиот претставник (69-73). Домаќинот имаше контрола над резултатот до последната четвртина кога наиде на одличен противник кој сочува сили за завршницата и стигна до стартна победа. Најзаслужен за тоа беше Кевин Пангос кој оствари учинок од 23 поени.
По турнирот одигран во Каунас, на ред дојде оној во Валенсија. Вториот евролигашки „Тур“, насловен како “We’re Back”, започна со изненадувачки висок триумф на францускиот Асвел против Олимпијакос (74-57).
Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ дека беше еден од милениците на навивачите каде што настапуваше и имаше важна улога во своите тимови, говори фактот што за него имаше место во тимовите на деценијата на Црвена Звезда и Олимпијакос.
По пет години во Турција и настапи во Фенербахче, Костас Слукас се враќа во Олимпијакос каде се проби и прослави. Се очекува плејмејкерот да потпише три годишен договор, а официјализацијата треба да биде во наредните денови.
Иако се чинеше дека ќе заврши во Русија, бидејќи имаше понуди од Зенит и ЦСКА Москва, американскиот плејмејкер Арон Харисон во сезоната 2020/21 ќе настапува за грчкиот гигант Олимпијакос.
Василис Спанулис, кошаркарската легенда на Олимпијакос, доби место во тимот на деценијата во Евролигата, а честитки пристигнаа од сите страни, меѓу нив и од Перо Антиќ, некогашниот македонски репрезентативец, а сегашен прв човек на Федерацијата.