Екипата на Олимпијакос ја потврди својата класа, со нова победа над Панатинаикос (93-74) експресно ја заврши финалната серија и со 3-0 ја потврди титулата.
Екипата на Олимпијакос уште еднаш го победи Панатинаикос во финалната серија (72-78) и уште еднаш покажа зошто е најдобрата екипа кај нашиот јужен сосед.
Koшаркарите на Барселона се одвојувачи на третото место на завршниот турнир на Евролигата кој се одржува во Белград. Во таканареченото мало финале тие го совладаа тимот на Олимпијакос со 84-74 и ги залечија раните од вчерашниот пораз од Реал Мадрид.
Овосезонскиот завршен турнир во Евролигата се одржува во Белград. Многу познати личности и кошаркарски работници се во српската престолнина на крајот од оваа недела.
Минатогодишниот шампион Анадолу Ефес се пласира во финалето на завршниот турнир во Евролигата кој се одржува во Белград. Турскиот претставник во полуфиналната фаза беше подобар од грчкиот гигант Олимпијакос (74-77). Победата ја донесе Василије Мициќ со тројка практично со звукот на сирената.
Најдобриот тренер на Евролигата оваа сезона, Јоргос Барцокас од Олимпијакос попладнево во Белград изјави дека неговиот тим треба да се концентрира на сопствените квалитети пред мечот со Анадолу Ефес, во полуфиналето на фајналфорот на Евролигата во Белград.
Иако многу лошо ја започна сезоната во Евролигата, актуелниот шампион на стариот континент, Анадолу Ефес од Истанбул се пласира на завршниот турнир и според многумина е фаворит во полуфиналето против Олимпијакос. Сепак, искусниот турски тренер Ергин Атаман остана без помошта на искусниот хрватски ас Крунослав Симон.
Екипата на Олимпијакос си обезбеди место на завршниот турнир во Евролигата, откако го елиминира Монако во четвртфиналето. Грчкиот тим го чекира своето место во Белград, а тоа предизвика одушевување на навивачите во Пиреја.
Кевин Дурант беше присутен на кошаркарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Монако, кој заврши во полза на грчкиот гигант. НБА ѕвездата не можеше да поверува што се случува во салата. Домашните навивачи приредија шоу за да го прослават пласманот на завршниот турнир во Евролигата.
Кошаркарите на Олимпијакос ја „грабнаа“ последната виза за Белград. Грчкиот кошаркарски гигант ја продолжува својата битка за трофејот во европската елита, откако со моќна последна четвртина го скрши отпорот на Монако во „мајсторката“ (94-88) и ќе учествува на овосезонскиот „фајнал-фор“ турнир во Евролигата, кој се игра во српската престолнина.
Екипата на Олимпијакос славеше на гости кај Монако (83-87) во рамките на четвртфиналето во Евролигата и сега води со 2-1 во серијата, па се наоѓа на една победа од пласман на завршниот турнир во Белград.
Кошаркарите на Монако одиграа убедлива партија и направија „брејк“ во Пиреја против Олимпијакос со триумф од 72-96. Со оваа победа екипата од кнежевството ја израмни серијата „прв до три“ на 1-1, пред истата да се пресели во Монако.
Некогаш беше големо дерби, а сега само лесен тренинг за „црвено-белите“. Олимпијакос го „прегази“ вечниот ривал Панатинаикос и со 101-73 ја забележа 17-тата победа во Евролигата и се зацврсти на четвртата позиција на табелата.
Олимпијакос ја продолжи серијата победа на гости кај Баерн Минхен (88-98) во натпревар од 28. коло од Евролигата. Грците одиграа доминантно во третата четвртина и направија клучна разлика која им донесе нови бодови на контото.
Руските напади врз Украина и влегувањето на нејзината територија предизвикаа огромни реакции во светот. Хуманистички ефект се јави и во светот на спортот, каде што многу истакнати лица, спортисти, навивачи, па дури и судии пружаат поддршка.