Кошаркарите на Олимпијакос ја совладаа Барселона на домашен терен со 74-62 (14-14, 25-12, 17-14, 18-22), во меч од првото коло на ТОП 16 фазата во Евролигата. Избраниците на Сфаирополус го добија натпреварот, благодарение на цврстата одбрана, успевајќи да ја сопрат Барса на само 62 поени.