Кошаркарите на Олимпијакос го победија Монако со 76-62 и се пласираа во финалето на Евролигата, кое в недела ќе се игра во Каунас. Избраниците на Саша Обрадовиќ одиграа одлично во првото полувреме, водеа со 12 поени разлика, но следеше катастрофален трет период, во кој за десет минути постигнаа само два поени!