Како и на сите големи спортски настани во САД, така и на овогодишниот „Ол-стар“ кој се одржа во Торонто, беше проследен од голем број познати светски личности. Дополнителен мотив за следење на овој егзибиционен натпревар беше и фактот што еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант го одигра својот последен „Ол-стар“ натпревар. Главна ѕвезда која настапи со свој перформанс на полувремето беше популарниот британски музичар, Стинг, а покрај него настапи имаа и Американецот, Ни-Јо, како и Нели Фуртадо. Додека, на трибините своите омилени кошаркари ги следеа и Боб Донан, Дрејк, Џон Стујард, Спајк Ли и Оливиа Вајт.