Кошаркарите на Милвоки синоќа го победија Орландо со 139-117 и ја постигнаа шеснаесеттата последователна победа во НБА лигата. Бакси постигнаа 26 тројки, а ги предводеше Јанис Адетокунбо со 31 поен, седум скока и шест асистенции. Џру Холидеј постигна 23 поени, со девет асистенции, Брук Лопез запиша 18, а Џо Инглс 16 поени. Во тимот на Орландо најефикасен беше Кол Ентони со 28 поени, седум скока и четири асистенции, Милвоки е најдобар тим во лигата со 45 победи и 17 порази, додека Орландо е тринаесетти на Истокот со скор 26/37.