Словенецот Лука Дончиќ и новата сезона ја започна на фантастичен начин, иако многумина го критикуваа дека се врати во тимот надвор од форма. Со 27 поени, 15 скока и седум асистенции му помогна на Далас Маверикс да го надигра минатогодишниот финалист Мајами Хит (83-93). Гостите од Флорида имаа закаснет финиш и загубија убедливо, и покрај одличната последна четвртина.