Кошаркарите на Кливленд Кавалирс продолжуваат со победите, откако во синоќешниот натпревар од НБА лигата ја совладаа Јута Џез со 109-100. Најзаслужен за триумфот беше Леброн Џејмс, кој го запиша 60. „трипл-дабл“ (29 поени, 11 асистенции и 10 скока) во кариерата. Покрај Џејмс, Кевин Лав постигна 15 поени, а извонреден беше и кошаркарот роден во Македонија, Чеди Осман, кој постигна 10 коша.