Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс направија „брејк“ и со 119-111 победија кај Јута Џез. Пресметката во „Вивинт Смарт Хоум Арена“ во Солт Лејк Сити беше изедначена, но искуството го направи своето и гостите од Калифорнија поведоа со 3-2 во четвртфиналната серија, иако во тимот недостигаше Каваи Ленард. Сега, на свој паркет ќе има шанса да го завери пласманот понатаму.