Денвер Нагетси загуби на гостувањето во Вашингтон, минимално со 130-128, иако одлично го отворија натпреварот. Никола Јокиќ и соиграчите имаа и предност од 20 поени на стартот, но домаќинот се созеде и се врати, поведе и победи. Иако Нагетси се вратија во последниот период, стигнаа до егал и беше неизвесно до самиот финиш, Визардси ги реализираа клучните слободни фрлања за победа.