Никола Јокиќ со својот дваесетти „трипл-дабл“ го предводеше Денвер до победата над Шарлот од 119-105, потврдувајќи ја својата класа. Српскиот центар постигна 30 поени, надополнети со 16 скока и 10 асистенции. Ова е седми пораз по ред за Хорнетси, додека лидерот во Западната конференција ја прекина серијата од четири натпревари без победа на гостински терен. Јокиќ сега има двојно повеќе „трипл-дабл“ ефекти од вториот најуспешен играч оваа сезона Лука Дончиќ (10).