Далас Маверикс го победи Сан Антонио во дербито на Тексас (130-120), но доби лоши вести, бидејќи теренот поради повреда го напушти Лука Дончиќ. Во завршницата од натпреварот, плејмејкерот незгодно доскокна и со болна гримаса замина во соблекувална. Ова беше последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната, па повредата на Словенецот, кој го заврши дуелот со 26 поени, доаѓа во незгоден момент.