Видно засилениот оваа сезона, Лос Анџелес Лејкерс забележа нова победа, откако на гостински терен го победи вицешампионот Голден Стејт Вориорс со 120-125. Ентони Дејвис со 27 поени и десет скока и Леброн Џејмс со 22 поени, 11 асистенции и осум скока беа инспиратори за големиот триумф на „жолтите“. Во поразениот табор Крис со 26 поени и Вигинс со 24 поени се истакнаа.