Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се радуваат на нова победа во НБА лигата, овојпат на гостувањето во „ТД Гарден“ кај Бостон Селтикс со 107-111. „Воините“ предводени од одличниот Стеф Кари ја продолжија одличната серија, а во Бостон дојдоа до драматична победа. Иако Голден Стејт во еден момент имаше и +20, се опушташе и домаќинот се врати во игра. Сепак, Бостон немаше сили за изненадување и загуби од лидерот на Западот.