Словенечкиот плејмејкер Лука Дончиќ одново беше најдобар играч на Далас Маверикс, но иако уфрли 42 поени не успеа да го доведе тимот до „брејк“ кај Голден Стејт Вориорс (126-117). Дончиќ одигра неверојатен натпревар, Далас имаше и +19, меѓутоа сè тоа беше прокоцкано во второто полувреме.