Кошаркарите на Бостон победија по продолжение против Голден Стејт со 121-118 и ја прекинаа серијата од четири порази во меѓусебните натпревари во НБА лигата. Во повторувањето на минатогодишното финале во лигата, Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 34 поени, 19 скока, шест асистенции и три украдени топки. Ал Хорфорд постигна 20 поени со 10 скока, а Маркус Смарт крај своето име додаде 18 поени. Во победата придонесоа Џејлен Браун со 16 поени и девет скока, Роберт Вилијамс со 14 поени и 11 скока и Малколм Брогдон со 14 поени и седум скока.